Акцента Транслејшнс

Агенција за преводи со седиште во Скопје, Северна Македонија, која нуди услуги за превод, толкување
и локализација за клиенти ширум светот.

Зошто да ја изберете Акцента Транслејшнс?

USERS

Нативни преведувачи

Работиме со нативни преведувачи кои обезбедуваат вашата содржина да звучи природно, автентично и ефикасно да комуницира со целната публика.

STAR

Гарантиран квалитет

Имаме строги процеси за контрола на квалитетот со цел да обезбедиме вашите преводи и јазичната локализација да бидат уникатни, прецизни и со највисок квалитет.

Artboard-16

Безбедност на податоците

Ги управуваме податоците преку безбедни платформи и соработуваме со јазични експерти кои се согласуваат да работат под Договор за доверливост (NDA), со цел да обезбедиме заштита на вашите податоци.

Прецизност, брзина и фер цени

Акцента Транслејшнс нуди професионални јазични решенија за компании, поединци, невладини организации и институции од јавниот сектор. Со седиште во Скопје, обезбедуваме висококвалитетни услуги за превод, толкување и јазична поддршка, прилагодени на специфичните потреби на секој клиент. Континуирано ги следиме најновите трендови во преведувачката технологија за да овозможиме ефикасни, прецизни и современи јазични решенија.

Основана со визија за надминување на јазичните бариери и поттикнување на меѓукултурната соработка, Акцента Транслејшнс е доказ за моќта на зборовите и влијанието што тие го имаат во градењето на односи. Иако сме компанија во развој, нашата посветеност кон квалитетот, иновациите и задоволството на клиентите е она што нè издвојува.

Висококвалитетни преводи

Вложуваме максимални напори за да обезбедиме преводот што сте го нарачале од нас да го зачува оригиналното значење на текстот, да не содржи грешки и да звучи природно за целниот читател. При процесот на преведување не се фокусираме само на зборовите, туку и на намерата, контекстот и пораката што треба да се пренесе, за содржината да биде јасна и лесно разбирлива за читателот или корисникот

Висококвалитетна експртиза

Нашиот тим од искусни проектни менаџери, стручни инженери на јазична локализација и професионални преведувачи се посветени за да обезбедат врвен квалитет и целосно задоволство на клиентите. Со комбинирање на јазична експертиза, современа технологија и внимателно управување со секој проект, создаваме прецизни и ефикасни јазични решенија што ги исполнуваат највисоките стандарди.

 

Доверба од клиенти ширум светот
Над 1.000 успешно реализирани проекти
Преводи во повеќе од 30 индустрии и области
Јасна комуникација, навремена испорака и резултати над очекувањата

 

Обратете ни се

Имате прашања? Секогаш сме отворени за разговор за вашиот бизнис, нови проекти, креативни можности и за тоа како можеме да ви помогнеме. Да работиме заедно!

Агенција за преводи

Акцента Транслејшнс

Христо Татарчев 1/1/2-17, Скопје, С. Македонија

_

© Akcenta Translations 2023. All rights reserved.

Писмени преводи

Судски преводи 

Консекутивно толкување

Симултано толкување

Конференциско толкување

Медицински преводи

Локализација на веб-страници

 

Превод на документи

Правни преводи

Толкување за судски постапки

Преводи од областа на животната средина

Опрема за симултано толкување

Преводи за невладини организации