Јазична локализација
Услуги за локализација
Овозможувањето на содржина достапна на повеќе јазици е одлична стратегија за издавачите на веб-страници, девелоперите на игри, креаторите на апликации и сите други кои сакаат да ја прошират својата корисничка база. Сепак, покрај точниот превод, прилагодувањето на вашата содржина за читатели од други земји бара и прецизна локализација.
Зошто на деловните субјекти им е потребна локализација?
Додека преводот вклучува пренесување на содржината од еден јазик на друг, со посебно внимание на граматиката и синтаксата, локализацијата оди чекор понатаму со тоа што обезбедува вашата содржина да ги задоволува и културните очекувања. На пример, иако многу земји го користат шпанскиот јазик како главен јазик, секоја од нив има различни обичаи и култури кои веројатно ќе влијаат врз начинот на кој содржината ќе биде примена. Привлекувањето на локалната публика е клучно за проширување на вашиот пазар.
Преводот без локализација може да го ограничи вашиот досег, па дури и да предизвика нарушување на имиџот на вашиот бренд кај целната публика. Акцента Транслејшнс ќе ја локализира вашата содржина, земајќи ги предвид културните аспекти, локалните закони и обичаи, дијалектите и други специфики на земјите каде што ќе биде објавена вашата содржина. На овој начин се гради доверба кај вашата публика и се зајакнува вашиот бренд.
Никогаш не дозволувајте културните бариери да го попречат вашиот раст. Ние обезбедуваме решенија за локализација за маркетинг професионалци, издавачи и девелопери на игри. Нашиот тим за локализација е обучен за оваа специфична вештина, што значи дека локализираните преводи што ги испорачуваме се со највисок квалитет.
Се гордееме со нашата соработка со клиентите и со вистинското разбирање на нивните потреби. Нашиот тим за локализација работи на различни видови проекти, од кориснички упатства, информативни видео-скрипти, до мобилни игри и ААА-наслови, а ние постојано се развиваме за да одговориме на новите и променливи потреби.
Обратете ни се
Имате прашања? Секогаш сме отворени за разговор за вашиот бизнис, нови проекти, креативни можности и за тоа како можеме да ви помогнеме. Да работиме заедно!
Преведувачка агенција
Акцента Транслејшнс
Христо Татарчев 1/1/2-17, Скопје, С. Македонија
© Akcenta Translations 2023. All rights reserved.
Писмени преводи
Судски преводи
Консекутивно толкување
Симултано толкување
Конференциско толкување
Медицински преводи
Локализација на веб-страници
Превод на документи
Правни преводи
Толкување за судски постапки
Преводи од областа на животната средина
Опрема за симултано толкување
Преводи за невладини организации